logo
logo
logo

Трамп разговараше со Нетанјаху за царините

Vecer | 04.04.2025

Трамп разговараше со Нетанјаху за царините

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху телефонски разговарал со американскиот претседател Доналд Трамп за новата тарифна политика на САД додека Израел се обидува да го минимизира влијанието на новите американски царини од 17 отсто врз увозот на израелски стоки, изјавија денеска двајца високи израелски претставници. 

Британските медиуми пренесоа дека официјални лица соопштиле дека Трамп и Нетанјаху разговарале вчера, а еден од нив пренел дека поголемиот дел од американските царини може да се решат.

Официјален претставник на израелското Министерство за финансии изјави вчера дека најновите американски царини би можеле да влијаат на извозот на израелски машини и медицинска опрема.

САД се најблискиот сојузник на Израел и најголемиот трговски партнер, потсетуваат британските медиуми.

Израел во вторникот почна да ги отстранува преостанатите царини за американските стоки. 

Двете земји уште пред 40 години потпишаа договор за слободна трговија и околу 98 отсто од американските стоки сега се увезуваат во Израел без царина.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk