Рочиштето е закажано за 22 часот по средноевропско време.
Некои луѓе веќе чекаат во судницата каде ќе се одржи рочиштето. Во и околу зградата на судот има силно полициско присуство.
Поранешниот американски претседател Доналд Трамп ќе биде официјално обвинет на судското рочиште за заговор за да го поништи неговиот пораз на изборите во 2020 година.
Пред судењето, поранешниот републикански претседател случајот го нарече доказ за „корупција, скандал и неуспех“ на претседателствувањето на Џо Бајден. Во Вашингтон за сослушувањето е зголемено обезбедувањето, пишува Скај Њуз.
Против Трамп веќе се водат два судски процеси, но тој се уште се подготвува за претседателските избори кои ќе се одржат следната година. Денешното обвинение се смета за најсериозно.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата