logo
logo
logo

Трамп повеќе од 440 пати се повикал на уставното право да не дава одговор на обвинителството

Vecer | 11.08.2022

Трамп повеќе од 440 пати се повикал на уставното право да не дава одговор на обвинителството

Американските медиуми пишуваат дека Трамп постојано се повикувал на амандманот да не одговара на прашања по однос истрагата што се води против неговата компанија „Организација Трамп“ за наводни даночни затајувања и финансиски малверзации.

Неговиот адвокат Рон Фешети појасни дека Трамп одговорил само на едно прашање на обвнителот, и тоа на прашањето како се вика.

Фишети за „Њујорк Тајмс“ прецизира дека сведочењето траело околу четири часа, како и дека Трамп на сите други прашања одговарал само со повикување на Петтиот амандман, и тоа повеќе од 440 пати.

Препознатлива е изјавата на Трамп од април 2018 година кога рече дека само припадниците на мафијата се повикуваат на Петтиот амандман, објавува „Бизнис инсајдер“ цитирајќи: „Гледате дека мафијата се повикува на Петтиот амандман. Доколку сте невини, зошто се повикувате на Петтиот амндман“,

Суштината на Петтиот уставен амандман е во тоа што поединецот не може да биде присилен да сведочи пред судовите против самиот себе. /МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk