Тој наведе дека е можно телефонски да разговара со лидерите на двете земји.
- Малкумина можат да се јават по телефон и да ја спречат војната помеѓу две многу моќни земји, Тајланд и Камбоџа, наведе Трамп при синоќешната посета на американската сојузна држава Пенсилванија.
Околу шест недели по потпишувањето на мировен договор, Тајланд и Камбоџа вчера соопштија за тешки борби долж 800-километарската граница. Повеќе од 500.000 луѓе се евакуирани од пограничните области во Тајланд и во Камбоџа по обновените судири.
Двете страни меѓусебно се обвинуваат за продолжувањето на непријателствата, во кои, според најновите официјални податоци, загинаа најмалку 11 лица. Седум камбоџански цивили и четворица тајландски војници.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата