logo
logo
logo

Путин: Едноставно е невозможно Ерменија да стане членка на ЕУ

Vecer | 01.04.2026

Путин: Едноставно е невозможно Ерменија да стане членка на ЕУ

- Истовремено членство во ЕУ и во Евроазиската економска унија едноставно е невозможно по дефиниција. Разбираме дека секоја земја се обидува да извлече максимална корист од својата соработка со трети земји, но тоа мора да се направи на очигледен и искрен начин и да се договори од самиот почеток, изјави Путин на средбата во Кремљ со ерменскиот премиер Никол Пашинјан.

Путин изрази надеж дека „проруските“ политички движења би можеле да учествуваат на парламентарните избори во Ерменија закажани во јуни.

- Навистина би сакале сите овие партии и политичари да можат да учествуваат во оваа внатрешнополитичка работа за време на изборите, наведе Путин.

Ерменија, поранешна советска република, се приклучи на Евроазиската економска унија, доминирана од Русија, во 2015 година. Но, Ерменија веќе две години покажува недоверба кон Москва, која е историски сојузник и снабдувач на оружје на Ереван. Русија сè уште има воена база на ерменска територија.

Ереван го обвинува Кремљ дека не ѝ даде доволна поддршка на Ерменија за време на вооружените конфликти во Нагорно-Карабах во 2020 и 2023 година.

Ерменскиот парламент минатата година донесе закон што овозможува почеток на преговори за пристапување со ЕУ.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk