logo
logo
logo

Трамп: Нема да воведам царини поради Гренланд

Vecer | 21.01.2026

Трамп: Нема да воведам царини поради Гренланд

Трамп додаде дека решението ќе биде одлично за САД и за сите земји-членки на НАТО.

- Врз основа на многу продуктивниот состанок што го имав со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, воспоставивме рамка за иден договор во врска со Гренланд, но всушност и за целиот арктички регион. Ова решение, доколку се склучи, ќе биде одлично за САД и за сите земји-членки на НАТО. Врз основа на ова, нема да ги воведувам царините што требаа да стапат во сила на 1 февруари, објави Трамп на неговата социјална мрежа „Трут соушл“ (Truth social).

Тој додаде дека ќе се разговара за проектот „Златна купола“ на Гренланд.

Трамп истакна и дека во преговорите ќе учествуваат потпретседателот Џеј Ди Венс, државниот секретар Марко Рубио, специјалниот пратеник Стив Виткоф и други.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk