logo
logo
logo

Трамп нема да се согласи за дебата со Камала Харис додека демократите не го„одлучат“ кандидатот

Vecer | 26.07.2024

Трамп нема да се согласи за дебата со Камала Харис додека демократите не го„одлучат“ кандидатот

Републиканскиот кандидат за Белата куќа, Доналд Трамп, одби да закаже дебата со неговата најверојатна демократска противкандидатка Камала Харис, бидејќи таа не е официјално именувана за кандидат на нејзината партија, соопшти синоќа неговата кампања.

„Деталите за општите изборни дебати не можат да се финализираат додека демократите официјално не одлучат за нивниот кандидат... би било несоодветно да се закажуваат работите со Харис бидејќи демократите многу добро би можеле да го променат своето мислење“, нагласи портпаролот на кампањата на Трамп, Стивен Чеунг во соопштението.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk