"Кејт имаше истакната кариера во војската и бизнисот, и служеше во многу чувствителни улоги за национална безбедност во мојата прва администрација. Тој беше со мене од самиот почеток! Заедно ќе обезбедиме мир и ќе ги направиме Америка и светот ПОВТОРНО БЕЗБЕДНИ". објави тој на својата социјална мрежа Truth Social.
— Donald J. Trump Posts From His Truth Social (@TrumpDailyPosts) November 27, 2024
Да потсетиме дека Трамп вети брз крај на војната во Украина, користејќи ги односите со украинскиот претседател Володимир Зеленски и рускиот претседател Владимир Путин.
Ова предизвика загриженост кај приврзаниците на Киев дека новоизбраниот претседател ќе бара брз договор со кој ќе им се отстапи украинска територија на Русите или ќе ја загрози нејзината идна безбедност.
Ројтерс претходно објави дека планот на Келог да стави крај на војната е да го замрзне фронтот и ќе ги принуди двете страни да преговараат.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата