logo
logo
logo

Трамп најави дека ќе испрати болнички брод во Гренланд

Vecer | 22.02.2026

Трамп најави дека ќе испрати болнички брод во Гренланд

Трамп го објави потегот на социјалните мрежи, непосредно пред вечерата со републиканскиот гувернер во Белата куќа.

- Во соработка со фантастичниот гувернер на Луизијана, Џеф Ландри, ќе испратиме одличен болнички брод во Гренланд за да се грижи за многуте луѓе кои се болни, а за кои таму не се грижат. Тој е на пат!!!, рече Трамп.

Ниту Белата куќа ниту канцеларијата на Ландри не одговорија на прашањата дали бродот е побаран од Данска или Гренланд и на кои болни луѓе им е потребна помош.

Најавата на Трамп дојде неколку часа откако данската Арктичка команда соопшти дека е евакуиран член на екипажот на американска подморница, кој побарал итна медицинска помош, седум наутички милји од главниот град на Гренланд, Нук.

Не е сосема јасно каква врска има гувернерот Ландри со случајот. Американската морнарица има два болнички брода, „Мерси“ и „Комфорт“, но ниту еден не е стациониран во Луизијана.

Данскиот крал Фредерик го посети Гренланд минатата недела по втор пат за една година, обидувајќи се на тој начин да покаже единство со таа територија, како и противење на плановите на Трамп да го купи островот.

На крајот од минатиот месец, Гренланд, Данска и САД одржаа разговори за решение на ситуацијата што ги зголеми тензиите во рамките на НАТО во последните месеци.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk