logo
logo
logo

Трамп ќе воведе 100-процентна царина за сите филмови направени надвор од САД

Vecer | 29.09.2025

Трамп ќе воведе 100-процентна царина за сите филмови направени надвор од САД

„Нашата филмска индустрија е киднапирана од други земји, исто како што крадат слатки од децата. Калифорнија, со својот слаб и некомпетентен гувернер, е особено силно погодена! Затоа, за да го решам овој долгогодишен и бесконечен проблем, ќе воведам 100-процентна царина за сите филмови направени надвор од САД. Ви благодарам за вашето внимание. Да ја направиме Америка повторно голема ! Претседател ДЈТ'“, објави Трамп на својата социјална мрежа. 

Британските медиуми пренесуваат дека Трамп уште во мај се закани со воведување вакви царини, но понуди малку детали, што доведе до забуна кај првите луѓе во индустријата за забава.

Акциите на Нетфликс и Вернер Брос Дискавери веднаш паднаа пред денешното тргување за 1,4 проценти, односно за 0,6 проценти, соодветно.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk