logo
logo
logo

Трамп го пречека Ердоган: Тој има свое мислење, обично не сакам луѓе со свое мислење (ВИДЕО)

Vecer | 25.09.2025

Трамп го пречека Ердоган: Тој има свое мислење, обично не сакам луѓе со свое мислење (ВИДЕО)

Како што е најавено, по разговорите во Овалната соба ќе следи работен ручек. Се очекува Трамп и Ердоган да разговараат за билатералните односи меѓу двете земји, како и за трговијата, инвестициите и одбранбената индустрија, како и за регионалните прашања, објави Анадолија.

На социјалните мрежи се појави и видео од почетокот на средбата меѓу Трамп и Ердоган, каде што американскиот претседател одржа монолог пред новинарите во свој стил:

„Тој е цврст човек. Има свое мислење. Обично не ги сакам луѓето со свои мислења. Но, секогаш ми се допаѓал“, рече Трамп за Ердоган, кој седеше до него.

Ердоган претходно изјави дека „верува дека средбата со Трамп ќе придонесе за завршување на војните и конфликтите“ во регионот на Блискиот Исток во рамките на „заедничката визија за глобален мир и дека тоа дополнително ќе ја зајакне соработката“ меѓу Турција и САД.

За време на неговата официјална посета на САД, турскиот претседател претходно присуствуваше на годишната сесија на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк, а заедно со Трамп во вторник, на 23 септември, присуствуваше и на мултилатерален состанок за Газа, кој се одржа на маргините на Генералното собрание.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk