logo
logo
logo

Трамп го отфрли буџетскиот план за спречување на затворањето на американската влада за Божиќ

Vecer | 20.12.2024

Трамп го отфрли буџетскиот план за спречување на затворањето на американската влада за Божиќ

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп го отфрли синоќа буџетскиот план што требаше да спречи затворање на федералната влада за Божиќ и им порача на претседателот на Претставничкиот дом, Мајк Џонсон и на републиканците повторно да преговараат за планот, што во сегашната форма има поддршка и од републиканците и од демократите.

Сето тоа се случува на само неколку дена пред крајниот рок за усвојување. Ако рокот помине, нема да има средства за финансирање на федералната влада и нејзините агенции.

Ненадејното влегување на Трамп во дебатата и новите барања предизвикаа збрка во Конгресот додека пратениците се обидуваат да ја завршат својата работа и да се упатат дома за празниците.

Затоа Џонсон остана буден до доцна во ноќта обидувајќи се да смисли нов план пред крајниот рок - денеска (петок) за да ја одржи владата отворена. Новоизбраниот претседател на САД и потпретседателот Џеј Ди Ванс изнесоа речиси неизводлив предлог во кој комбинираат продолќување на финансирањето на владии фондови со многу контроверзна идеја за подигање на границата на државноито задолжување. Тоа подигнување на таа граница на задолжување републиканците своевремено рутински го одбиваа, јавија американските медиуми. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk