На прашањето дали ќе ги повика своите поддржувачи да се воздржат од насилство, Доналд Трамп на Флорида рече: „Не морам да им кажам дека нема да има насилство. Се разбира дека нема да има насилство“. Тој додаде дека неговите поддржувачи „не се насилни луѓе“, туку „луѓе кои не веруваат во насилство“.
Трамп нагласи дека не сака никакво насилство, но дека не мисли дека треба да им дава посебни упатства на своите поддржувачи, кои ги нарече „големи луѓе“.
Доналд Трамп денеска гласаше во Палм Бич, Флорида, придружуван од сопругата Меланија. По гласањето, тој го изрази своето задоволство од големиот одѕив, велејќи дека е „многу почестен“ што дознал за долгите редици. Тој додаде дека се чувствува „многу сигурен“ за исходот од изборите, истакнувајќи дека републиканците покажуваат сила и дека слуша дека „им оди многу добро“.
🚨BREAKING: President Trump votes in Florida on election day #Election2024 #ElectionDay #Trump2024 pic.twitter.com/bTFXkqOVBX
— AJ Huber (@Huberton) November 5, 2024
На прашањето за можноста ниту тој ниту Камала Харис да не достигнат 270 електорски гласови до крајот на вечерта, Трамп одговори дека „такво нешто никогаш не треба да се случи“ и ја нагласи својата желба за инклузивност, велејќи: „Сакаме да ги привлечеме сите , сакаме да бидеме многу инклузивни.“
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата