Трамп претходно во интервју за „Њујорк пост“ (New York Post) наведе дека американска делегација предводена од потпретседателот Џеј Ди Венс е на пат кон Исламабад.
Тој посочи и дека е подготвен да се сретне со највисоките ирански претставници доколку се постигне напредок во разговорите.
- Треба да се води дијалог со Иран, претпоставувам дека во оваа фаза никој не игра игри, истакна Трамп, при тоа додавајќи оти клучно барања е Иран да се откаже од поседување нуклеарно оружје.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата