logo
logo
logo

Трамп: Делегација на САД, предводена од Венс, во следните неколку часа ќе пристигне во Пакистан

Vecer | 20.04.2026

Трамп: Делегација на САД, предводена од Венс, во следните неколку часа ќе пристигне во Пакистан

Трамп во интервјуто истакна дека е подготвен и за лична средба со високи ирански лидери доколку се постигне напредок во разговорите. Според западни медиуми, висок ирански функционер изјавил дека Техеран гледа позитивно на можноста за учество во евентуални мировни преговори со САД, но нагласил дека сè уште не е донесена конечна одлука.

Иранскиот претставник посочи дека Пакистан, како посредник, вложува позитивни напори за укинување на американската блокада и за обезбедување на учеството на Иран во процесот. Од своја страна, пакистански претставник вклучен во преговорите соопшти дека двонеделното примирје завршува на 22 април во 20:00 часот по источноамериканско време (02:00 часот по македонско време на 23 април).

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk