logo
logo
logo

Црвена полумесечина: Речиси 800 убиени во израелско-американските напади врз Иран

Vecer | 03.03.2026

Црвена полумесечина: Речиси 800 убиени во израелско-американските напади врз Иран

Хуманитарната организација на Телеграм објави дека напади се регистрирани  во 153 градови низ целата земја.

Низ целата земја се распоредени над 3.600 лица за итни интервенции, соопшти Црвената полумесечина, додавајќи дека операциите за пребарување и спасување продолжуваат на многу локации, пренесува германската агенција.

Организацијата за човекови права „Хенгау“, со седиште во Норвешка, вчера објави значително многу поголем број жртви од саботата досега, известувајќи за повеќе од 1.500 жртви.

Според „Хенгау“, околу 1.300 од убиените биле припадници на вооружените сили, а околу 200 биле цивили. Групата вели дека се потпира на мрежа на контакти во земјата за да ги документира жртвите, пренесува ДПА.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk