logo
logo
logo

Траги од кокаин во британскиот парламент, го имало и во тоалетот до канцеларијата на Џонсон

Vecer | 06.12.2021

Траги од кокаин во британскиот парламент, го имало и во тоалетот до канцеларијата на Џонсон

Претседателката на Парламентот, Линдзи Хојл изјави дека ќе контактира со полицијата откако „Сандеј тајмс“ објави дека во зградата на парламентот се појавила дрога.

Во извештајот на весникот се вели дека тестовите за откривање дрога откриле траги од кокаин на 11 локации каде пристап имаат само пратениците, вработените и новинарите, а меѓу локациите наводно е и тоалетот во близина на канцеларијата на премиерот Борис Џонсон.

„Наводите за употреба на дрога во парламентот се длабоко загрижувачки и за тоа ќе разговарам со градската полиција оваа недела. Очекувам да видам целосна примена на законот“, рече Хојл.

Портпаролот на Џонсон, Макс Блејн, исто така рече дека извештаите се „загрижувачки“.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk