Бродот, кој превезува 21 член на екипажот, 4.000 тони трици, 70 тони тешка нафта и 50 тони дизел, претрпе оштетувања на трупот од 60 сантиметри, што предизвика морската вода да ја поплави машинската соба. Екипажот веќе е евакуиран, објави Ројтерс.
Напорите за стабилизирање на бродот се отежнати од влошувањето на временските услови, поради што бродот дополнително се навалил. Екипите за итни случаи распоредија дополнителни пумпи за испумпување на водата што протекува.
عطل فني يؤدي إلى شحوط سفينة VSG GLORY في منطقة القصير بالبحر الأحمر#شحوط_سفينة #البحر_الأحمر #عطل_فني #مدينة_سفاجا #ربان_السفينة pic.twitter.com/QOhwXdJF9x
— Robban Assafina (@robbanassafina) November 23, 2024
Бродот VSG Glory, кој се движел од Јемен кон египетското пристаниште Тауфик, се преврте поради сѐ потешките временски услови.
Спасувачките операции предводени од гувернерот на Црвеното Море и Министерството за заштита на животната средина досега отстранија 250 тони загадена вода и гориво, но изворите велат дека дел од горивото се уште е на бродот, што претставува сериозна закана за чувствителниот екосистем на коралните гребени во регионот.
Ова е втора поморска несреќа во Црвеното Море за помалку од еден месец. На 25 ноември, туристички брод се преврте во близина на Марс Алам, јужно од Кусаир, при што загинаа најмалку четири лица, седум се исчезнати, додека 33 патници беа спасени.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата