logo
logo
logo

Тинејџерка загина во напад на руски дрон во Киев

Vecer | 26.10.2024

Тинејџерка загина во напад на руски дрон во Киев

Шефот на воената администрација на главниот град, Сергеј Попко, изјави дека повеќе од 100 жители се евакуирани од повеќекатната зграда во населбата Соломјански, западно од центарот на градот.

Тревогата за воздушен напад траеше околу еден час, а беше активирана и воздушната одбрана. Два часа подоцна, во градот е прогласена нова тревога поради дронови.

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко соопшти дека во нападот е убиена тинејџерка.

Пожарот кој избувна на 20 кат од зградата е ставен под контрола, соопштија итните служби./МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk