logo
logo
logo

Тешко е повреден сенаторот од Кентаки- со косилка за трева паднал во празен базен

Vecer | 16.09.2024

Тешко е повреден сенаторот од Кентаки- со косилка за трева паднал во празен базен

Државниот сенатор Тарнер, републиканец од Харлан, е во критична, но стабилна состојба во Медицинскиот центар на Универзитетот во Тенеси во Коксвил, изјави претседателот на Сенатот на Кентаки, Роберт Стиверс.

Тарнер бил повреден кога косилката што ја возел паднала во длабокиот крај на базенот, соопшти државната полиција на Кентаки, објави Фокс Њуз.

Инцидентот се случил синоќа, а државната полиција нема повеќе детали за причините за несреќата.

Тарнер, адвокат, застапува повеќе окрузи во источен Кентаки. Тој бил избран за државниот сенат во 2020 година, победувајќи го демократскиот кандидат со истото презиме. Тарнер беше член на Претставничкиот дом на Кентаки од 1999 до 2002 година.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk