Возилото излетало од патот, удрило во карпа и се превртело.
Најмалку 20 ученици од основно училиште и едно возрасно лице загинаа во сообраќајна несреќа со училиштен автобус во источна Уганда, кој се враќал од училишна екскурзија, соопшти денеска локалната полиција, наведувајќи дека возачот најверојатно изгубил контрола над возилото, кое излетало од патот, удрило во голема карпа и се превртело.
„Се чини дека возачот изгубил контрола над возилото, кое излетало од патот, удрило во голема карпа и се превртело“, соопшти полицијата во објава на социјалната мрежа „Икс“ (X), додавајќи дека во несреќата се повредени уште три возрасни лица и неколку деца, пренесува „Фигаро“.
Училишниот автобус на основното училиште „Кинг Дејвид“, во близина на главниот град Кампала, се враќал – според првичните информации – од патување до водопадите Сипи во областа Капчорва, во источниот дел на земјата, соопштија безбедносните служби.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата