logo
logo
logo

Терористички напад во Турција

Vecer | 23.10.2024

Терористички напад во Турција

„Се случи експлозија во производствениот погон ТУСАС во Анкара, област Кахраманказан. Се слушнаа и звуци од истрели“, се вели во соопштението.

За експозијата во Анката турскиот министер за внатрешни работи Али Јерликаја изјави дека е терористички напад.

Има мртви и ранети, додаде министерот.

На социјалните мрежи се шират видеа и фотографии од тешко вооружени напаѓачи. Очевидци јавуваат дека во кругот на фабриката се слушнале истрели. Исто така, во нападот наводно учествувал и бомбаш самоубиец.

На едно од видеата се гледа терорист како пука.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk