logo
logo
logo

Терористички напад на плажата Бонди: 12 загинати, меѓу нив и дете

Vecer | 14.12.2025

Терористички напад на плажата Бонди: 12 загинати, меѓу нив и дете

Дванаесет луѓе, меѓу кои и едно дете, загинаа за време на пукањето на австралиската плажа Бонди, за време на прославата на еврејскиот празник Ханука, потврди полицијата на Нов Јужен Велс. Повредени се и двајца полицајци, а загинат е и еден од напаѓачите.

Според првичните информации, другиот наводен напаѓач е во критична состојба.

Мажите од кои едниот облечен во црно, можеа да се видат како пукаат кон луѓето од оружје со голема моќност. Десетици возила на полицијата и брзата помош се упатија на местото на настанот.

Видео снимките покажуваат две вооружени лица кои стојат на пешачки мост што ги поврзува Кемпбел Параде со Бонди Павилјонот и пукаат во толпата.

Полицискиот комесар на Нов Јужен Велс, Мал Ланион на прес конференција изјави дека неговите полицајци пронашле возило на плажата Бонди за кое веруваат дека содржи неколку импровизирани направи, а единицата за деактивирање бомби работи на случајот.

„Во тек се истраги. Нема извештаи за какви било други инциденти во Сиднеј поврзани со овој настан“, велат од полицијата.

Во меѓувреме, се појави видео снимка на која се гледа како граѓанин се справува со еден од вооружените напаѓачи. На снимката се гледа како мажот го напаѓа вооруженото лице одзади, се бори со него и успева да му го одземе оружјето, по што го врти оружјето кон напаѓачот и го принудува да се повлече..

Откако го совлада напаѓачот, граѓанинот го спушти оружјето и ги крена рацете во вис за да ѝ покаже на полицијата дека тој не е еден од напаѓачите. На видеото се гледа и како полицаец пристигнува на местото и отвора оган кон осомничените.

Нападот се случил денеска околу 18.30 часот по локално време, три часа подоцна беше објавено дека станува збор за терористички напад.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk