logo
logo
logo

Пакистан му го пренесе американскиот предлог на Иран и чека одговор од официјален Техеран

Vecer | 25.03.2026

Пакистан му го пренесе американскиот предлог на Иран и чека одговор од официјален Техеран

Иако иранските власти и натаму жестоко негираат дека се водат било какви разговори, американскиот претседател Трамп тврди дека Соединетите Држави веќе имаат преговарачки тим во кој се потпретседателот Венс и државниот секретар Марко Рубио. Најава за преговори даде и првиот човек на меѓународната агенција за атомска енергија Рафаел Гроси. Првата рунда разговори спроед него, би се одржала во главниот град на Пакистан, Исламабад.

-Во моментов сме во преговори, тие (Виткоф и Кушнер) го прават тоа заедно со Марко (Рубио) и Џеј Ди Венс. Имаме голем број луѓе кои го прават тоа. Од друга страна, тие (Иран) би сакале да постигнат договор. А, кој не би сакал ако сте на нивно место? Нивната морнарица е уништена. Воздушните сили им се уништени,- - Доналд Трамп – Претседател на САД.

Властите во Техеран во меѓувреме, со доза на потсмев реагираа на планот од 15 точки, но и на преговорите за кои велат Трамп ги води со себе. Велат дека не прифаќаат преговори и негираат дека тие се во тек. Предупредија на тешки последици доколку САД испратат дополнителни војници во регионот и го повикаа Вашингтон да не ја тестира нивната одлучност.

-Тие што тврдат дека се светска суперсила би се извлекле од оваа ситуација, доколку можат. Не го маскирајте вашиот пораз како договор или преговори. Вашата ера на лажни ветувања заврши. Дали вашите внатрешни конфликти стигнаа до степен каде преговарате самите со себе? -- Ебрахим Золфагари – Портпарол на иранската армија.

На зајадливите пораки од Техеран, одговори американскиот државнен секретар за одбрана Пит Хегсет, кој посочи и дека главната цел е да се уништи иранската нуклеарна програма.

-Ние преговараме со бомби. Имате избор, додека лебдиме над Техеран за вашата иднина. Претседателот јасно стави до знаење дека нема да имате (Иран) нуклеарно оружје, министерството за војна се согласува со тоа, нашата работа е да го осигуриме тоа,- - Пит Хегсет – Државен секретар за одбрана на САД.

Најавите за можни преговори и ставање крај на војната и денеска влијаеа врз цената на нафтата која на светските берзи повторно падна под 100 долари за барел.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk