logo
logo
logo

Техеран за неколку дена ќе ја добие првата серија купени руски борбени авиони Су-35

Vecer | 21.04.2024

Техеран за неколку дена ќе ја добие првата серија купени руски борбени авиони Су-35

Агенцијата појаснува дека изданието не открива повеќе детали, но според неофицијални информации, набавката вклучува вкупно 24 борбени авиони.

ДПА потсетува дека минатата година иранското Министерство за одбрана објави набавка на борбени хеликоптери Ми-28Н и авиони за обука на пилоти Јак-130, како дополнување на договорот за купување борбени авиони Су-35.

Се претпоставува дека Иран за возврат и дава воена помош на Русија, посочува ДПА, потсетувајќи дека Западот го обвинува Техеран дека и испорачувал на Москва беспилотни летала камикази „Шахед“. /МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk