„Досега, нашите планови за состанокот не се променети. Една од идеите е претседателите да го одржат од далечина“, изјави портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багдеџ, за иранската државна телевизија.
Иран претходно изјави дека документот ќе биде потпишан во Швајцарија од страна на неговиот главен преговарач Мохамед Багер Галибаф и потпретседателот на САД Џ.Д. Венс.
На самитот на Г7 во француското одморалиште Евиан-ле-Бен, Доналд Трамп посочи дека договорот насочен кон завршување на војната на Блискиот Исток ќе биде потпишан „наскоро“.
Запрашан за неговата намера да остане во Европа за потпишувањето, тој рече дека „можеби“ би можел да остане. „Тоа не е вид на документ што би морал да го потпишам“, рече тој.
Америка вечерва објави целосни детали за меморандумот од 14 точки со Иран, кој ќе биде образец за преговорите за кои се очекува да траат максимум 60 дена и да кулминираат со конечен мировен договор.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата