logo
logo
logo

Ги обвинува но, НА КРАЈ ТРАМП ИМ СЕ ЗАБЛАГОДАРИ

Vecer | 18.06.2026

Ги обвинува но, НА КРАЈ ТРАМП ИМ СЕ ЗАБЛАГОДАРИ

За време на воените дејствија разузнавачите од САД ја обвинуваа Кина дека испорачува оружје за Иран но, по потпишаниот мемеорандум за запирање на воение дејствија, американскиот претседател го кажа завршниот заклучок по тоа прашање.

Претседателот на САД, Доналд Трамп, го пофали „непристрасниот“ став на кинескиот и рускиот лидер, Шји Џјинпинг и Владимир Путин, за време на конфликтот со Иран. Тој оцени дека тие не ги попречиле напорите на Вашингтон за ограничување на нуклеарните амбиции на Техеран.

На прес-конференција по повод Самитот на групата Г-7 во Евиан, Трамп изрази благодарност кон двете земји за, како што истакна, нивното воздржаност од интервенција во конфликтот.

„Само сакам да им се заблагодарам затоа што ги направија работите многу полесни“, изјави Трамп по повод постигнатото примирје во конфликтот со Иран.

Тој посебно му се заблагодари на кинескиот претседател Шји Џјинпинг, наведувајќи дека Кина останала „целосно неутрална“, како и на рускиот претседател Владимир Путин, за кого рече дека исто така не се вмеша во спорот.

„Можеше да ни биде многу потешко ако тие одлучеа поинаку“, додаде Трамп.

Во меѓувреме, официјален Пекинг изрази поддршка на меморандумот за разбирање меѓу Иран и САД, насочен кон завршување на конфликтот.

Кинескиот министер за надворешни работи, Ванг Ји, во телефонски разговор со иранскиот колега Абас Арагчи, го поздравил „одговорниот и дипломатски пристап“ на Исламската Република во решавањето на спорните прашања и напредокот во преговорите.

Иранскиот министер го информирал својот кинески колега за деталите од привремениот договор со САД и изразил надеж дека Техеран и Пекинг ќе можат да ги искористат можностите што произлегуваат од меморандумот за зајакнување на билатералните односи, особено во сферите на енергетиката и економијата.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk