logo
logo
logo

Таст и зет се изрешетани пред куќа во Германија, убиецот во бегство

Vecer | 21.04.2025

Таст и зет се изрешетани пред куќа во Германија, убиецот во бегство

Според медиумите, двајцата се турски државјани на возраст од 59 и 28 години, пренесе АП.

Тастот и зетот биле убиени во моментот кога излегувале од зградата за да одат во продавница по набавки. Убиецот се уште е во бегство, а иако првично се шпекулираше дека имало повеќе напаѓачи, полицијата сега верува дека само едно лице го извршило делото.

Соседите ги раскажаа застрашувачките детали. Една жена вели дека слушнала дека некој испукал десет истрели.

„Кога погледнав низ прозорецот, видов маж како лежи на подот. Луѓето истрчаа од зградата, неговото семејство, детето врескаше „Тато, тато“, раскажува соседот.

Друг сосед вели дека убиениот млад човек кобниот ден дошол да го посети својот таст Сулејман С.

"Двајцата штотуку излегле од зградата за да одат до продавница кога одекнале истрели. Сулејман паднал пред зградата, веднаш бил мртов. Неговиот зет се вратил во зградата, но стигнал само до скалите во ходникот. Таму паднал, немало шанси да се спаси", сведочеше потресениот сосед.

Жителите на овој мал германски град велат дека во зградата пред која се случило злосторството живеат пет семејства. Наводно, сите се имигранти, кои пристигнале во земјава во ноември 2024 година.

„Откако дојдоа, полицијата е многу тука“, вели еден жител на улицата каде што се случило злосторството.

Друг посочува дека никој од улицата не се дружел со луѓето што живеат во зградата.

„Никој немаше никаков контакт со нив. Тие живеат во свој свет, свој живот“, вели друг.

Според инспекторот, изрешетаните жртви од претходно не ѝ биле познати на полицијата, а се сомнева дека мотивот за убиството бил личен.

Полицијата вчера цел ден беше на местото на злосторството и прибираше докази. На жителите кои живееле во близина им било забрането да ги напуштат становите.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk