logo
logo
logo

Талибанците тврдат дека прекинот на огнот со Пакистан е прекинат

Vecer | 17.10.2025

Талибанците тврдат дека прекинот на огнот со Пакистан е прекинат

Портпарол на Талибанците изјави дека „Пакистан го прекршил прекинот на огнот и бомбардирал три локации во покраината Пактика“, што значи дека „прекршено е примирјето“ и дека „Авганистан ќе возврати“.

Двете земји постигнаа привремен прекин на огнот во средата откако десетици војници беа убиени во пограничен судир претходно оваа недела.

Двете страни се обвинија меѓусебно за прекршувања што доведоа до инцидентот: Исламабад го обвини Кабул за засолнување и поддршка на терористички групи кои вршат напади на пакистанска територија, додека Кабул го обвини Исламабад за кршење на нејзиниот воздушен простор и напаѓање области на истокот од земјата.

Понатамошни судири избувнаа во средата, при што загинаа 12 лица, пред двете земји да се договорат за 48-часовен прекин на огнот. Претставници на двете земји се состанаа во Доха за да се обидат да се договорат за долгорочно примирје, но изгледите за каков било договор во моментов се чини дека се далечни. Пакистански извори претходно денеска ијзавија дека примирјето е продолжено. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk