logo
logo
logo

Тајмс: Администрацијата на Трамп сака да убеди четири земји-членки да излезат од ЕУ

Vecer | 12.12.2025

Тајмс: Администрацијата на Трамп сака да убеди четири земји-членки да излезат од ЕУ

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп сака да убеди уште четири земји, по Брегзит на Лондон, да излезат од Европска Унија, со цел „Повторно да ја направат Европа голема“, според подолгата, сè уште класифицирана верзија на Стратегијата за национална безбедност на САД објавена минатата недела, објави британскиот весник Тајмс (Times).

Весникот наведува дека има и предлог за создавање на нов елитен форум Ц5 или „Јадрото на петте“ (Core Five), составен од светските сили, кој ќе го замени Г7 и ќе ги вклучи САД, Кина, Индија, Јапонија и Русија.

Според протечените детали објавени од американската веб-страница за одбрана „Дифенс уан“ (Defense one), четири земји-членки на ЕУ, кои се сметаат за цели по Брегзит се Австрија, Унгарија, Италија и Полска.

Портпаролката на Белата куќа, Ана Кели негираше дека постои таква верзија на документот. Таа за „Дифенс уан“ посочи дека „Нема алтернативна, приватна или класифицирана верзија“ на Стратегијата за национална безбедност на САД. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk