- СЗО навистина е длабоко загрижена од тековните напади врз здравствениот персонал и медицинските установи во Либан и ние продолжуваме да инсистираме да се направи нешто истите да не бидат цел, истакна портпаролката на СЗО, Маргарет Харис.
Таа додаде дека „цифрите се навистина шокантни“ и прецизира дека во нападите врз здравствените установи загинале 102 лица, а биле повредени 83 луѓе.
Според Харис, можно е бројот на загинати здравствени работници да е поголем бидејќи некои загинале или се повредени додека не биле на должност./МИА
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата