logo
logo
logo

СЗО за забраната за абортус во САД: Ќе предизвика проблеми и смртни случаи

Vecer | 29.06.2022

СЗО за забраната за абортус во САД: Ќе предизвика проблеми и смртни случаи

„Сите жени треба да имаат право да одлучуваат за своето тело и здравје. Тоа е  поентата“,изјавил Тедрос Аданом Гебрејезус во Женева. „Безбедниот абортус се грижи за здравјето. Така се спасуваат животи. Ограничувањата ќе ги принуди жените и девојките да абортираат на небезбеден начин, што ќе предизвика компликации и смрт“, додаде тој.

Врховниот суд на САД во петокот ја укина одлуката која важеше 50 години, гарантирајќи го правото на абортус ширум САД. Судот со таа одлука го олесни усвојувањето на построги закони за абортус, вклучително и целосна забрана во сојузните држави.

Законите за забрана стапија на сила веднаш во некои држави. Во многу од нив, лекарите може да завршат во затвор поради абортус.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk