logo
logo
logo

СЗО има добри вести: КРАЈ НА ПАНДЕМИЈАТА ДОГОДИНА!

Vecer | 22.02.2021

СЗО има добри вести: КРАЈ НА ПАНДЕМИЈАТА ДОГОДИНА!

Регионалниот директор на Светската здравствена организација (СЗО) за Европа Ханс Клуге изјави дека верува оти пандемијата на коронавирусот ќе заврши на почетокот на 2022 година.

Клуге за данската државна телевизија „ДР“ изјави дека ширењето на Ковид-19, сепак, ќе доминира во општеството и во 2021 година, но ќе биде многу поконтролирано од 2020 година.

Посочувајќи дека најлошите сценарија веќе завршија, тој кажа дека сега има повеќе информации за вирусот отколку во 2020 година, кога првпат почна да се шири. Но Клуге предупреди дека никој не може да биде сигурен за иднината на пандемијата.

Вирусот ќе продолжи да постои, но мислам дека нема да бидат потребни ограничувања. Тоа е оптимистичката порака, рече Клуге.

Експертот на СЗО додаде дека појавата на варијантите на вирусот е нормална и дека вирусот се обидува да се прилагоди, но брзото ширење на мутациите останува загрижувачка појава за СЗО.

Клуге рече дека мутациите нема да го стават вирусот надвор од контрола, но истакна дека земјите чии здравствени системи веќе биле под притисок може да се најдат под уште поголем притисок, принудувајќи ги многу сериозно да ги сфаќаат новите варијанти на вирусот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk