logo
logo
logo

СЗО ДОЗВОЛИ: Вакцината „Синофарм“ доби одобрение за итна употреба

Vecer | 08.05.2021

СЗО ДОЗВОЛИ: Вакцината „Синофарм“ доби одобрение за итна употреба

Кинеската вакцина на „Синофарм“ со која и Македонија започна масовна имунизација доби одобрение од  Светската здравствена организација за итна употреба.

Оваа вакцина е една од двете кинески вакцини што веќе се дадени на стотици милиони луѓе во Кина и во странство. Taa е исто така и првата вакцина против коронавирус одобрена од СЗО, која не е развиена на Запад, пренесува „Ројтерс“.

СЗО досега одобри итна употреба на вакцини против Ковид-19, развиени од Фајзер/Бионтек,АстраЗенека, Џонсон и Џонсон и Модерна.

Сепак, индивидуалните здравствени регулатори во различни земји - особено оние посиромашните во Африка, Латинска Америка и Азија - веќе одобрија кинески вакцини за итна употреба.

Поради малку објавени податоци на меѓународно ниво, ефективноста на различните кинески вакцини не е позната веќе подолго време.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk