logo
logo
logo

СЗО: Делта сојот е регистриран во 124 држави

Vecer | 21.07.2021

СЗО: Делта сојот е регистриран во 124 држави


Бројот на земји и територии во кои циркулира позаразниот делта сој на коронавирусот е зголемен за уште седум од 13 јули, па сега е регистриран во 124 земји, објави денеска Светската здравствена организација (СЗО).

Експертите тврдат дека делта варијантата брзо ќе се прошири и ќе ги засени другите соеви, а потоа ќе стане доминантен мутиран вид на ковид во следните години.

СЗО нагласи дека точниот механизам за зголемување на инфективноста на ковид и натаму останува нејасен.

Покрај тоа, СЗО е загрижена за ширењето на сите четири нови видови.

Алфа сојот, откриен во Велика Британија во септември 2020 година, е регистриран во 180 земји до 20 јули.

Бета сојот, откриен во август минатата година во Јужна Африка, е присутен во 130 земји, додека бразилскиот гама сој е регистриран во 78 земји.


makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk