logo
logo
logo

СЗО: Бројот на новозаболени и смртни случаи од Ковид-19 се намалува

Vecer | 10.02.2021

СЗО: Бројот на новозаболени и смртни случаи од Ковид-19 се намалува


Според официјалните податоци на Светската здравствена организација (СЗО), во периодот од 1 до 7 февруари бројот на новозаболени со коронавирус се намалил за 17 проценти на глобално ниво, а вкупниот број на смртни случаи во тој период се намалил за 10 проценти.

Во извештајот на СЗО се наведува дека бројот на новозаболени лица во светот се намалува четврта недела по ред, пренесува „Ројтерс“.

Од 1 до 7 февруари СЗО забележа 3.153.426 нови случаи на коронавирус ширум светот, 17 проценти помалку од претходната недела и 88.369 смртни случаи, 10 проценти помалку отколку во претходните седум дена.

Од почетокот на пандемијата, потврдени се вкупно 105.429.382 случаи на Ковид-19 и 2.302.614 смртни случаи.

Најголем пад на бројот на нови случаи е потврден во Африка (22 проценти), Европа (19 проценти) и Северна и Јужна Америка (17 проценти). Смртноста е намалена за 30 проценти во Африка, 13 проценти во Европа и четири проценти во Северна и Латинска Америка.

Помеѓу 1 и 7 февруари, најголем број нови случаи се потврдени во САД, околу 871.000, следи Бразил со околу 328.000, Франција со 136.000 и Велика Британија со приближно 133.000.


makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk