logo
logo
logo

Свештеник заради ЉУБОВ се откажа од МАНТИЈАТА

Vecer | 14.04.2021

Свештеник заради ЉУБОВ се откажа од МАНТИЈАТА

Сега веќе поранешниот свештеник Рикардо Чекобели (42), решил да го напушти свештенството, затоа што се вљубил, пишува весникот „Кориерe“. Чекобели минатата недела ја одржал последната миса во црквата Сан Феличе, во Маса Мартана, близу Перуџа.

Тој се прости од верниците и ја напушти својата дотогашна должност, пишува весникот „Кориерe“.

– Не жалам за тоа, мојот избор е природен. Ја донесов одлуката по многу размислување. Не можев да продолжам да живеам криејќи ги своите чувства. Сега чувствувам слобода, искреност и интегритет, рекол Чекобели и објаснил дека со Лора најпрво бил во пријателски односи, но љубовта се родила спонтано. Она што го потенцирал е дека не го прекршил заветот на својот свештен повик додека бил свештеник.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk