logo
logo
logo

СВЕШТЕНИК СО УШТЕ ТРОЈЦА МОНСТРУМИ СИЛУВАЛ И УБИЛ ДЕВОЈЧЕ - Злосторството го прикриле со палење на телото

Vecer | 05.08.2021

СВЕШТЕНИК СО УШТЕ ТРОЈЦА МОНСТРУМИ СИЛУВАЛ И УБИЛ ДЕВОЈЧЕ - Злосторството го прикриле со палење на телото

Застрашувачкото злосторство се случи откако родителите, кои припаѓаат на најниската индиска каста, ја испратија својата деветгодишна ќерка да донесе вода, по што таа никогаш не се врати.

Страшното злосторство, кое четврти ден по ред го крева на нозе главниот град на Индија, Њу Делхи, се случи кога неименуван хиндуистички свештеник, заедно со уште тројца монструми, брутално силуваа, а потоа го убија и насилно го кремираа телото на несреќното девојче во обид за прикривање на злосторството.

Активистите за човекови права во Индија дополнително ги налути фактот што пред кремирањето, свештеникот побарал од мајката на девојчето да не ја пријави нејзината ненадејна смрт во полиција, бидејќи во тој случај, властите ќе нарачаат обдукција. Тие ја уверувала жената која е скршена од болка дека по истрагата, државата ќе ги земе органите на детето, кое, како што и било кажано, доживеало струен удар откако дошла да пие вода од фрижидерот во крематориумот.

Имено, кобниот ден, деветгодишната девојка навистина отишла да земе вода по која и пратиле родителите, но таа не се вратила.

- Ја најдов како лежи на подот во крематориумот. Нејзините усни беа сини, имаше крв под носот, имаше модринки на рацете, а облеката и беше влажна. Свештеникот и тројца мажи ме советуваа да не се јавувам во полиција, тие ми рекоа дека ако го сторам тоа, тие ќе инсистираат на обдукција, што може  да значи дека ќе ги отстранат и веројатно ќе ги украдат органите на мојата ќерка. Ја затворија вратата за да го спречат моето заминување, ми се заканија, па дури и се обидоа да ме поткупат - изјавила несреќната мајка.

Од друга страна, таткото на детето открил дека додека стигнал до крематориумот со околу 150 селани најбрзо што можел, телото на неговата ќерка веќе било изгорено. Мештаните повикале полиција и истуриле вода врз огнот, но успеале да ги „спасат“ само нозете на жртвата. Затоа обдукцијата повеќе не може да потврди дали деветгодишното девојче навистина било силувано.

Полицијата добила пријава за случај на групно силување и убиство, па мажите биле уапсени.

Поради тој страшен настан, стотици демонстранти се собраа пред крематориумот во средата, барајќи смртна казна за обвинетите. Тие бараат и суспензија на некои локални полицајци, кои ги обвинуваат за малтретирање на семејството на жртвата, а запалиле и фотографија со ликот на премиерот Нарендра Моди, незадоволни бидејќи тој јавно не го осудил злосторството.

Многу Индијанци веќе го нарекоа ова страшно кастинско злосторство. Имено, обвинетиот свештеник наводно е брамин од повисока каста, додека родителите на жртвата се Далити, што на индиски значи недопирливо. Тие претставуваат слој на општество на најниско ниво во системот на касти, заработувајќи за живот со питачење пред суфиските муслимански светилишта во близина на крематориумот во областа Нангала во Делхи. Убиеното девојче било нивното единствено дете.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk