logo
logo
logo

Супертајфун преврте танкер со 1,5 милиони литри нафта-еколошка катастрофа близу Филипини(ВИДЕО)

Vecer | 25.07.2024

Супертајфун преврте танкер со 1,5 милиони литри нафта-еколошка катастрофа близу Филипини(ВИДЕО)

Танкерот МТ Тера Нова, што превезувал 1,5 милиони литри гориво, се преврте и потона во близина на главниот град на Филипини, Манила, за време на силно невреме, објави Ројтерс.

Тоа доведе до истекување на нафта за кое властите велат дека би можело да биде најлошото во историјата на Филипините доколку не се контролира.

Филипинската крајбрежна стража (PCG) ја откри нафтената дамка од МТ Тера Нова, која се протега на околу 3,7 километри, опишувајќи ја како „огромна“.

Силна струја моментално го носи горивото во североисточен правец.

„Тоа дефинитивно ќе влијае на морската средина“, рече контраадмирал Арманд Балило, портпарол на ПЦГ.

Од друга страна, товарен брод со девет членови на екипажот потона во близина на јужниот брег на Тајван.

Тајфунот го погоди североисточниот брег на Тајван како бура од четврта категорија.Поминувајќи го својот центар над северниот дел на Тајван, ветровите во бурата беа до 230 км/ч, а целиот Тајван беше погоден од тајфунот.

Тајфунот предизвика поголема штета, а најмалку 10 лица загинаа.

Наврнаа повеќе од 500 литри дожд на метар квадратен, предизвикувајќи разорни поплави и порои.

Откако ја помина копното, тајфунот ослабна и навлезе во Јужното Кинеско Море, а сега станува збор за тропска бура.

Сепак, станува збор за многу силна бура која ќе ја погоди источна Кина.

Невремето донесе речиси урагански ветрови во овие области, бранови високи до 10 метри, заедно со огромни плимни бранови.

Се очекува да наврнат и до 300 литри дожд со опасност од поплави и порои.

Невремето ќе ослабне додека удара на копно, но се уште се очекуваат разорни врнежи од дожд.

Најмалку сто милиони луѓе се очекува да бидат погодени од тропската бура во Кина.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk