Истражниот судија во Дамаск, Тавфик ал-Али, за државната новинска агенција САНА изјави дека налогот за апсење вклучува обвиненија за Башар ал Асад за убиство со умисла, тортура што довела до смрт и лишување од слобода.
Одлуката на судот отвора врата за издавање налог за апсење преку Интерпол и меѓународно гонење на поранешниот претседател на Сирија.
Одлуката следеше по тужбата поднесена од членови на семејствата на жртвите од Дара во врска со инцидентите што се случија на 23 ноември 2011 година.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата