logo
logo
logo

Суданските пучисти и главната продемократска организација договорија формирање преодна влада

Vecer | 06.12.2022

Суданските пучисти и главната продемократска организација договорија формирање преодна влада

По минатогодишниот воен удар во Судан, лидерите на пучот и главната продемократска организација во земјата денеска потпишаа договор за формирање на преодна влада, што ќе биде предводена од цивили.

Клучните политички играчи во земјата, меѓутоа, одбија да учествуваат во новата влада, а не е одреден ниту рокот кога треба да почне транзицијата на власта.

Рамковниот договор потпишан од генералот Абдел Фатах Бурхан, генералот Мохамед Хамдан Даголо и водачите на Силите за декларација за слободата и промените, се чини, нуди само најшироки насоки за тоа како земјата да се врати на својот пат кон демократијата.

Процесот на транзиција беше прекинат во октомври 2021 година, кога Бурхан, со поддршка на Дагол, ја собори цивилната половина од владејачкиот Суверен совет на Судан.

По воениот удар меѓународната помош ослабна, а недостигот на леб и гориво, само делумно предизвикан од војната во Украина, стана рутина, туркајќи ја во уште посериозна опасност суданската економија, што и онака веќе е предизвикана од инфлацијата.

Безбедносните сили безмилосно ги задушуваа продемократските маршеви што се одржуваа речиси секоја недела, а во запуштените предградија на земјата избија крвави меѓуплеменски судири.

Не е јасно дали и колку брзо договорот, потпишан денеска, ќе може да понуди излез за Судан, со оглед на тоа што се чини дека нема решено многу сериозни прашања и дека ја нема поддршката од сите клучни политички сили, вклучувајќи го и популарното народно продемократско движење Комитети на отпорот. Токму лидерите на ова движење повикаа на демонстрации против договорот.

Неколку поранешни лидери на бунтовниците, кои формираа свој политички блок, исто така, го отфрлија договорот. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk