logo
logo
logo

Студентка осудена во Саудиска Арабија за објави на социјалните мрежи ослободена од затвор

Vecer | 10.02.2025

Студентка осудена во Саудиска Арабија за објави на социјалните мрежи ослободена од затвор

Салма ал Шехаб беше осудена на 34 години затвор во 2022 година за објави на социјалната мрежа „Х“.

Саудиската група за човекови права АЛКСТ со седиште во Лондон ја објави веста за нејзиното ослободување.

Во јануари АЛКСТ објави дека казната е намалена на четири години затвор, со уште четири години условна.

-Сега мора да и се даде целосна слобода, вклучително и правото да патува за да ги заврши студиите, рече АЛКСТ.

Саудиска Арабија не го коментираше овој случај.

Ал-Шехаб беше приведена во јануари 2021 година, додека беше на одмор во Саудиска Арабија.

Таа е припадник на шиитското муслиманско малцинство во Саудиска Арабија, кое долго време се жали на систематска дискриминација.

Судиите ја обвинија Ал-Шехаб за „нарушување на јавниот ред“ и „дестабилизирање на општественото ткиво“, а овие наводи произлегуваат исклучиво од нејзините активности на социјалните мрежи, според официјалното обвинение. /MИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk