logo
logo
logo

СТРАШНО НЕВРЕМЕ го погоди Истанбул! ИМА ЗАГИНАТИ!

Vecer | 29.11.2021

СТРАШНО НЕВРЕМЕ го погоди Истанбул! ИМА ЗАГИНАТИ!

Најмалку четири лица загинаа, а девет се повредени во силното невреме што денеска го зафати Истанбул и некои други градови во Турција. Невремето предизвика хаос во најголемиот турски град со 15 милиони жители, пренесува АП.

Една жена загина во истанбулската населба Есенјурт, каде силните налети на ветерот ги однеле ќерамидите од покривите, кои паднале врз неа и нејзиното дете.

Дејли Сабах објави дека градежен работник починал кога врз него паднал ѕид, срушен од налетот на ветерот во провинцијата Зонгулдак.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk