Случајот го потврдила итната медицинска помош од кавадарци, чија екипа само ја констатирала смртта. Неофицијално, станува збор за семејна расправија која завршила кобно. Во СВР велес тој сам пријавил дека утрово околу 07:30 часот во семејниот дом со употреба на остар предмет и нанел убодни рани на неговата 54-годишна мајка, која од здобиените повреди починала. Увид на местото вршат јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци и увидна екипа од ОВР Кавадарци.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата