logo
logo
logo

СТРАОТНА ГЛЕТКА: Торнадо го погоди Вухан, повеќе од 10 загинати (ВИДЕО)

Vecer | 15.05.2021

СТРАОТНА ГЛЕТКА: Торнадо го погоди Вухан, повеќе од 10 загинати (ВИДЕО)

Голем број луѓе се повредени во вчерашното торнадо во градот Вухан во провинцијата Хубеи во Кина, јавува официјалната новинска агенција Синхуа, повикувајќи се на локалните власти.

Торнадо предизвика ветер со брзина од 23,9 метри во секунда и ја погоди областа Цајдијан во Вухан во 20:39 часот по локално време, кршејќи дрвја и рушејќи бараки на градилиштата, се вели во извештајот.

Десет лица загинаа, а повеќе од 300 се повредени откако две различни торнада синоќа го погодија централниот кинески град Вухан.

[embed]https://www.youtube.com/watch?v=CwanT8PYWZ4&feature=emb_title[/embed]

Шест лица исчезнаа во провинцијата Хубеи.

Локалната власт во Вухан соопшти дека торнадото кршело дрвја и ги уништило бараките на едно градилиште.

Ветровите значително ги оштетиле електроенергетските објекти и уништиле неколку фабрички згради во градот Шенгзе, соопштија пожарникарите од овој град.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk