logo
logo
logo

Стотици луѓе евакуирани поради шумски пожар во Кастељон во источна Шпанија

Vecer | 24.03.2023

Стотици луѓе евакуирани поради шумски пожар во Кастељон во источна Шпанија

Пожарот се прошири на околу 1.000 хектари земјиште откако избувна вчера, соопштија властите во автономната заедница Валенсија, која го опфаќа и  Кастељон.

Службите за итни случаи во регионот соопштија дека поради пожарот се евакуирани 600 лица во осум општини, вклучително и домот за стари лица во Монтана.

Од изутрината четири хеликоптери и повеќе од 600 пожарникари и војници се ангажирани во гаснењето на пожарот, додека шпанската армија распореди дополнителна поддршка за што поскоро ставање на огнот под контрола.

Државната метеоролошка агенција АЕМЕТ на Твитер објави дека „неповолните временски услови, особено во однос на периодот од годината, придонесуваат за брзо ширење на пожарот“. Температурите беа над 25 степени Целзиусови кога избувна пожарот, а релативната влажност падна под 30 проценти по невообичаено сувата зима во областа.

Ризикот од нови пожари во Кастељон денеска е класифициран како „екстремен“.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk