logo
logo
logo

Столтенберг: САД ќе останат силен сојузник на НАТО без разлика кој ќе стане претседател

Vecer | 10.07.2024

Столтенберг: САД ќе останат силен сојузник на НАТО без разлика кој ќе стане претседател

Во Вашингтон, за време на обраќањето пред новинарите, Столтенберг изрази уверување дека членките на Алијансата ќе останат посветени Украина да стане членка на НАТО и додаде дека се уште е рано да се каже кога тоа ќе се случи.

Тој изјави дека Алијансата не гледа непосредна воена закана за ниту една од сојузничките земји, посочувајќи дека Русија е целосно окупирана со војната во Украина.

-Во изминатите месеци видовме шема на руски непријателски дејствија против сојузниците во НАТО, рече Столтенберг, додавајќи дека тоа се „непријателски дејствија кои се движат од дезинформации до саботажа“.

Лидерите на НАТО се собраа на самитот во Вашингтон, каде што вчера, денес, и утре Алијансата ја слави 75-годишнината од основањето./МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk