logo
logo
logo

Средба на Бајден со Си в сабота веројатно последен пат за време на неговиот мандат

Vecer | 14.11.2024

Средба на Бајден со Си в сабота веројатно последен пат за време на неговиот мандат

Средбата ќе се одржи во време кога Кина се подготвува за потенцијално заострување на односите со американската администрација во време на Доналд Трамп.

Двајцата лидери се очекува да се сретнат на маргините на Форумот за азиско-пацифичка економска соработка (APEC) во Лима, Перу, за да разговараат за низа жешки глобални теми, вклучително и зголемените тензии меѓу Вашингтон и Пекинг.

Бајден и Си се обидуваа да ги задржат тензиите под контрола за прашања кои се движат од Тајван и Јужното Кинеско Море, до Северна Кореја и Русија, за да и помогнат на Кина да го спречи трансферот на состојки за фентанил.

„Досегашните разговори не беа лесни, но искреноста беше важна во управувањето со меѓудржавните односи“, рече еден од официјалните лица кој сакаше да остане анонимен.

Бајден и Си ги продолжија директните разговори минатиот ноември, што доведе до поголема соработка во борбата против наркотиците, но има мал напредок за други значајни, спорни прашања.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk