logo
logo
logo

СПУТНИК ЛАЈТ ГИ ПОМИНА СИТЕ ИСПИТУВАЊА! Ефикасна во комбинација со други вакцини

Vecer | 05.08.2021

СПУТНИК ЛАЈТ ГИ ПОМИНА СИТЕ ИСПИТУВАЊА! Ефикасна во комбинација со други вакцини

Вакцината Спутник Лајт покажала висока ефикасност во комбинација со вакцините АстраЗенека, Синофарм и Модерна во Аргентина, објави прес -службата на Рускиот фонд за директни инвестиции.

"Податоците од Министерството за здравство во Буенос Аирес покажуваат дека комбинираната употреба на Спутник Лајт со други вакцини и вакцинација со само две дози Спутник Лајт е безбедна - нема сериозни несакани ефекти поврзани со вакцинацијата. Сите комбинации што се направија за време на студијата се безбедни . “, се наведува во соопштението, објави Спутник.

Во моментов, во  Буенос Аирес, анализирани се податоците добиени по вакцинирањето на 121 волонтер кои ги примиле следните комбинации на вакцини: Спутник Лајт и АстраЗенека, потоа Спутник Лајт и Модерна, Спутник Лајт и Синофарм, како и Спутник Лајт во комбинација со Спутник В.

"Рускиот фонд за директни инвестиции предложи партнерство со други производители за спроведување заедничка студија за комбинирана употреба на вакцини. Таквиот пристап има најголеми перспективи за борба против пандемијата, вклучително и новите видови на коронавирусот што се појавуваат низ целиот свет", рече директор на фондот Кирил Дмитриев.

„Вакцината Спутник лајт може ефикасно да се користи во комбинација со други вакцини, што е потврдено со истражување во Аргентина и други земји“, додаде тој.

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk