logo
logo
logo

Според анкета на Ројтерс потпретседателката Камала Харис води пред Трамп со 44 наспроти 42 %

Vecer | 24.07.2024

Според анкета на Ројтерс потпретседателката Камала Харис води пред Трамп со 44 наспроти 42 %

Потпретседателката Камала Харис води пред Доналд Трамп со 44 наспроти 42 проценти меѓу регистрираните гласачи во најновата национална анкета на Ројтерс/Ипсос, спроведена вчера и завчера откако Бајден во неделата се откажа од трката за белата куќа и ја поддржа Харис за негов наследник.

Потпретседателката на САД, Камала Харис го опиша  нејзиниот ривал Трамп како измамник и сексуален предатор додека зборуваше на нејзиниот прв предизборен митинг во Милвоки како претседателски кандидат– фаќав измамници  кои малтретирале жени. Измамници кои ги крадеа потрошувачите. Измамници кои ги прекршиле правилата за своја корист. Затоа, слушнете ме кога велам дека ги познавам типовите како Доналд Трамп – рече Харис.

Таа вети дека ќе се бори за средната класа и ќе работи на искоренување на сиромаштијата. Но, еден од најгласните аплаузи за поддршка дојде на темата за правата на абортусот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk